Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУСКИОТ АМБАСАДОР Е ПОВИКАН ВО МНР: Македонија врачи протестна нота по нападот на амбасадата

РУСКИОТ АМБАСАДОР Е ПОВИКАН ВО МНР: Македонија врачи протестна нота по нападот на амбасадата

Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија попладнево е повикан вонредниот и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Македонија, Сергеј Баздникин.

Притоа, на рускиот амбасадор му е врачена протестна нота со која се изразува силна осуда и протест за нанесената материјална штета од ракетниот напад на руските армиски сили врз Киев, при кој беше погодена и Амбасадата на Македонија, соопштуваат од Министерството. Повредени нема во нападот. 

Руските власти објавија дека овој напад е одмазда затоа што Украина нападнала фабрика во јужна Русија. 

Слично

Поврзани вести