Руски сајтови продаваат „фејк“ билети за Суперкупот во Скопје
Натпреварот меѓу освојувачот на Лига на шампиони Реал Мадрид и титуларот на Лига Европа Манчестер Јунајтед ќе биде главен фудбалски спектакл, па затоа и сосема очекувано е да постои огромен интерес за наоѓање билети. Тоа го користат измамници кои креираа лажни веб сајтови за продажба на билети, регистрирани претежно во Русија.
Со имиња како uefafinaltickets.com изгледаат легитимно и преку систем за онлајн резервирање продаваат билети за финалето меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајдет со цени кои се астрономски. Затоа треба да се внимава и да не потпаѓа на вакви измами.
Билети официјално ќе може да се купат само преку веб сајтот на УЕФА, со тоа што наскоро шанса ќе добијат и македонските навивачи да го проследат спектаклот на арената „Филип Втори“ со доста пристапни цени од 15 до 40 евра во зависност од трибината.
