Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУСКИ КОНТРА МЕРКИ: Заев ПРЕДВИДУВА дека нема да има проблеми, но дали ќе биде така?

РУСКИ КОНТРА МЕРКИ: Заев ПРЕДВИДУВА дека нема да има проблеми, но дали ќе биде така?

Премиерот Зоран Заев денеска ја потврди информацијата за протерувањето на рускиот дипломат.

-Јас би оставил на соодветните институции е да даваат вакви информации, но ја потврдувам информацијата која ви е дадена од министерот за надворешни работи. Постојат сериозни сомненија, односно докази  кои се поткрепени во целата документација и согласно со дипломатските процедури и Виенската конвенција е постапено онака како што налагаат законите во Република Македонија.  Секако претходно преку Министерството за надворешни работи го консултиравме и претседателот Иванов, секако тој има свој став, но ние ја заокруживме и самата постапка пред да ја донесеме самата одлука – изјави Заев.

За можните негативни последици врз Македонија, премиерот рече дека такво нешто не би требало да се случи.

-Не би требало, јас знам дека ставовите на високи претставници на Руската Федерација се дека законите мора да се почитуваат и службите кои што работат насекаде, тоа се пред се овластени акредитирани дипломатски преставници мора да ја почитуваат Виенската конвенција , односно она што значи меѓународна обврска која самите земји ја прифатиле, а секако и законите на матичните земји, изјави Заев.


Слично

Поврзани вести