Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руската православна црква ја призна МПЦ – ОА како автокефална сестринска црква

Руската православна црква ја призна МПЦ – ОА како автокефална сестринска црква

Руската православна црква денеска ја призна МПЦ – ОА како автокефална сестринска црква.

Членовите на Синодот, се вели во објавата на Руската православна црква, изразија надеж дека МПЦ – ОА, најмладата во семејството на автокефалните православни цркви, цврсто ќе ја зачува светата православна вера во чистота и интегритет и ќе ја запази верноста на православната канонска традиција.

„На 25 август 2022 година, на седницата на Светиот синод на Руската православна црква, беше слушната пораката на Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил за доделувањето од страна на Српската православна црква на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридската архиепископија. Синодот одлучи да му се заблагодари на Господ Бог за решавањето на прашањето за статусот на Православната црква во Северна Македонија на канонска основа и да ја признае Македонската православна црква – Охридска Архиепископијата, како автокефална сестринска црква, впишувајќи го името на нејзиниот Поглавар, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски Стефан, во светите диптиси, објави на својата веб страна Руската православна црква.

СПЦ годинава ја призна автокефалноста на МПЦ. 

Во Соборниот храм во Белград во јуни се одржа света архиерејска литургија на која служеа српскиот патријарх Порфириј и архиепископот македонско-охридски г.г. Стефан со епископите на двете цркви.

Слично

Поврзани вести