Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руската групација „Alrosa“ дебитираше на Шангајската берза за дијаманти

Руската групација „Alrosa“ дебитираше на Шангајската берза за дијаманти
Роба во вредност од 750.751 долари, денеска, за прв пат на Шангајската берза за дијаманти, (Shanghai Diamond Exchange, SDE), продаде групата на руски компании за производство на дијаманти „Alrosa“. На листата на производители биле 35 компании, а продадени се дијаманти во вредност од 505.362 долари и брилијанти вредни 245.389 долари. Првото тргување на Шангајската берза на дијаманти за групацијата „Alrosa“ било пробно, а компанијата позитивно ги оцени резултатите. И во иднина има намера да ја продолжи соработката со „SDE“. Групацијата „Alrosa“ ги собра руските рударски компании за вадење на дијаманти. Во 2012 година „Alrosa“ произведе 34,4 милиони карати сурови дијаманти, а приходите достигнаа до 4,5 милијарди долари.
Слично

Поврзани вести