Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руската амбасада во Скопје се побуни затоа што имало говор на омраза против Русите

Руската амбасада во Скопје се побуни затоа што имало говор на омраза против Русите

Стоп за говорот на омраза против Русите, бара руската амбасада во Скопје. 

Руската амбасада во Македонија предупреди на растечкото ниво на говор на омраза упатен кон Русите и руската култура. Повикот доаѓа откако концерт на руски романси во Македонската опера и балет беше откажан поради војната во Украина.

„Привлекуваме внимание на невиденото ниво на русофобија забележано во голем број странски земји во позадина на специјалната воена операција во Украина. Предупредуваме дека сите вакви инциденти се внимателно евидентирани“, напиша руската амбасада во Скопје на својот Твитер профил.

Украинската амбасада во земјава порача дека Украина се бори за целиот свет. 

Украинците во Македонија еднаш протестираа, а денес по втор пат ќе излезат на протест со барање за запирање на војната во Украина. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести