Руската амбасада призна - Ќе се шири масовно руско влијание
Добро, насловов можеби звучи како да е од „фејк“ вест, но овој пат тоа е оправдано и со убав повод. Руската амбасада навистина призна дека во наредниот период во Македонија масовно ќе се шири руското влијание и тоа преку Руската салата која е неизбежен специјалитет за време на новогодишните празници.
„Внимание! Во претстојните денови се прогнозира забележително зголемување на #РускоВлијание на целата територија на #Македонија и пошироко. #РускаСалата“ пренесоа руските дипломати.

Оваа порака ја испрати Руската амбасада преку Твитер профилот каде се почесто се пренесуваат ваков вид на шеговит објави кои ги адресираат дневно-политичките настани, но и поширокиот геополитички аспект на односите меѓу Македонија и меѓународната заедница.
Затоа за Нова година руското влијание е и повеќе од добредојдено, па се надеваме дека навреме ќе ги набавите сите намирници и веќе од утре ќе започнете со подготовка на руската салата идеална за прославите кои ќе следат наредните денови.
