РУСИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ГЛАСАЛЕ ЗА ПУТИН: Во Србија и Црна Гора тој не доби поддршка
Мнозинството Руси во Македонија гласале за рускиот претседател Владимир Путин.
Дури 88,1 отсто од Русите во Македонија гласале за Путин на претседателските избори, а тој процент е само 10,84 отсто во Србија и 8,41 отсто во Црна Гора. Резултатите од руската изборна комисија ги пренесе „Радио Слободна Европа“.
Всушност, Русите во Србија и во Црна Гора во најголем број својата доверба му ја дале на Владислав Даванков, противникот на Путин од партијата „Нови луѓе“. Тој е заменик претседател на државната Дума – руското собрание.
Процентот на Руси кои гласале за Путин е голем и во Босна и Херцеговина(БиХ), но за речиси 10 отсто помал од оној во Македонија и изнесува 77,2 отсто. Додека се гласаше во Русија, беа регистрирани и инциденти. Имаше случаи каде гласачка запали избирачка кутија, друга истури боја во кутијата и слично. Поддржувачите на починатиот руски опозиционер Алексеј Навални се собраа пред избирачките места во редици, со цел да искажат револт.
Слично
