Русија возврати, ја протера в.д амбасадорката од Македонија
Русија прогласи еден вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва за персона нон грата. Веста ја објавија руските медиуми повикувајќи се на руското Министерство за надворешни работи, а ја потврди и Руската амбасада во Скопје. „На 10 јуни, в.д. амбасадорка на Република Северна Македонија во Руската Федерација, Оливера Чаушевска-Димовска беше поканета во Министерството за надворешни работи на Русија, каде ѝ беше врачена нота на Министерството, со која вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва се прогласува за персона нон грата”, се вели во соопштението од Руската амбасада објавено на Фејсбук. се огласи руското министерство.
Македонското МНР тогаш протера руски дипломат додека руската дипломатска мисија во Скопје објави дека Москва размислува за контрамерки.
