РУСИЈА СЕГА ГИ ДРЖИ КОНЦИТЕ: Купија ланец трговски центри
Руската Гаспромбанка денеска објави дека го купила синџирот трговски центри Мега од шведската компанија Ингка центри.
Како што пренесува Комерсант, Гаспомбанка купила 14 трговски центри со вкупна површина од 2,3 милиони квадратни метри, а вредноста на овој имот се проценува на 2,85 милијарди долари.
Пред да ја напушти Русија, Ингка Центрите беше најголемиот сопственик на малопродажни недвижности во Русија.
Според Форбс, во 2022 година приходите на Ингка Центрите во Русија од закупот на простор во трговските центри Мега се намалиле за 19 отсто во споредба со 2021 година, на 285 милиони долари.
Компанијата Ингка поседува и ланец на продавници за мебел и опрема за домаќинство ИКЕА.
По почетокот на руската воена операција во Украина, сите руски продавници на ИКЕА беа затворени, а сите бизниси на компанијата во Русија беа продадени.
