Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија објави нови податоци - колку македонски борци загинаа во Украина?

Русија објави нови податоци - колку македонски борци загинаа во Украина?

Расте бројот на македонски државјани кои загинале во Украина. Кремљ објави нови податоци. 

Од 24 февруари до денес во Украина се бореле 79 македонски државјани. Од нив според руското Министерство за одбрана  убиени се 26 македонски борци, односно во споредба со минатиот месец загинале уште двајца. Во случајот со Македонија убиени се една третина од заминатите во Украина.

Во Македонија се вратени 21 лице или двајца повеќе за разлика од јули, а активни на фронтот во моментов се 32 луѓе. 

Од Косово во Украина досега се бореле 156 лица од кои 72 или речиси една половина се убиени. Платеници има и од Полска, Романија, Албанија, Хрватска, Италија, Финска, Литванија и многу други земји. 

фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY


Слично

Поврзани вести