Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУСИЈА КОНТРА ПЕНДАРОВСКИ: Негираат вмешаноста во протестите против францускиот предлог

РУСИЈА КОНТРА ПЕНДАРОВСКИ: Негираат вмешаноста во протестите против францускиот предлог

Русија ги отфрли обвинувањата на македонскиот претседател Стево Пендаровски за вмешаност во протестите во Скопје. 

Руската амбасада во Скопје ги отфрли обвинувањата за наводна вмешаност на Русија во внатрешните работи во Македонија и на Балканот.

„Русија не се мешала, не се меша и нема намера да се меша во внатрешните работи на која било држава, вклучително и Северна Македонија, и покрај тоа што се обидуваат да ја фатат со ова. Ова е во спротивност со самата филозофија на руската надворешна политика. Добро е познато дека ваквите обиди никогаш не го носат посакуваниот ефект и на крајот ги дискредитираат оние кои прибегнуваат кон такви методи. Ние го почитуваме кој било избор на македонскиот народ, подготвени сме и понатаму да ја градиме нашата соработка заснована токму на ваквата основа - на меѓусебно почитување и еднаквост“, стои во соопштението од Руската амбасада.

Пендаровски претходно во интервју за Тв 21 изјави дека луѓе од соседни земји дошле во Македонија за да испровоцираат инциденти.  

Тој и за грчкиот весник Етнос на 10 јули рече дека Москва произведува најсериозни хибридни закани за Балканот. Секој ден во 19 часот има протести против францускиот предлог. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести