Русија и САД се кошкаат, кој се меша во Македонија: Захарова со обвинувања за Вашингтон
Без разлика на обвинувањата од американските претставници на сметка на Русија, Москва не се мешала во внатрешните прашања на Македонија, туку тоа го направи Вашингтон.
Ова го кажала портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.
-Повторно слушаме обвинувања на сметка на Москва за вмешаност во внатрешните процеси на Македонија. Она што Метју Палмер го кажа во Скопје е смешно“, рекла Захарова на пресот за медиуми.
Таа тврди дека САД на тој 19 октомври, користејќи неопходни методи, закани , уцени и подмитување на пратеници, ја протуркале одлуката на Собранието за покренување процес за измена на Уставот на РМ.
-Американскиот амбасадор во Скопје беше во зградата на Собранието и управуваше со овие процеси-истакнува Захарова.
Таа исто така рече дека Русија не е против Преспанскиот договор, туку македонските гласачи кои го изнеле својот став на референдумот на 30 септември.
Претходно помошник заменикот на државниот американски секретар Метју Палмер ја критикуваше Русија за наводно мешање во внатрешните текови во Македонија и го повика мнозинството во Собранието да ги усвои уставните измени, нарекувајќи ја оваа шанса неповторлива.
Фото: EPA/Maxim Shipenkov
