Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руменовски: Со цел скратување на времето за полнење вода од Беровско Езеро во село Будинарци поставен е импровизиран базен

Руменовски: Со цел скратување на времето за полнење вода од Беровско Езеро во село Будинарци поставен е импровизиран базен

Во беровско уште гори. Сашко Руменовски, командир на Територијалната противпожарна единица(ТППЕ) од Берово за МИА вели дека покрај гаснењето од земја од утрово повторно имаат и воздушна поддршка. Досега од пожарот е зафатена високостеблеста дабова и букова шума од 50 хектари.

„Со цел скратување на времето за полнење вода од Беровско Езеро во село Будинарци поставен е импровизиран базен, од каде хеликоптерот ќе полни вода заради побрза интервенција”, вели Руменовски.

Шумскиот пожар во атарот на селата Будинарци и Митрашинци сѐ уште е активен.  Во околината на Виница и Делчево, вчера имаше пожари, но тие се под контрола. 

фото Фејсбук/Звонко Пекевски

Слично

Поврзани вести