Економија, финансии, бизнис

Контакт

Румен Радев свика средба на која ќе се говори за односите со Македонија

Румен Радев свика средба на која ќе се говори за односите со Македонија

Бугарскиот претседател Румен Радев иницира дискусија за односите со Македонија. 

Утре ќе се одржи експертска дискусија посветена на состојбата и перспективите за развој на односите меѓу двете земји. Информацијата ја објави неговата прес-служба на официјалната веб страна на Радев. Европскиот Парламент денеска со 558 гласови „за“, 70 „против“ и 59 „воздржани“  го увои извештајот за напредокот на Северна Македонија.  

Амандманот на Социјалдемократите и Зелените со кој се осудуваше провокативната реторика на Бугарија кон земјава не помина поради блокада на европратениците од Европската народна партија и Европските конзервативци.

Од македонските политичари, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров изрази жалење што не помина амандманот на Зелените и Социјалистите. 

Тој го поздрави усвојувањето на Извештајот на Република Северна Македонија. Амандманот преку кој се осудуваше провокативната реторика на Бугарија кон Северна Македонија не помина поради блокада на европратениците од Европската народна партија и Европските конзервативци.

Слично

Поврзани вести