Румен Радев реагира за нападот на бугарскиот клуб во Охрид
Нападот на клубот во Охрид е апсолутно неприфатлив чин, вели бугарскиот претседател Румен Радев.
Тој го смета за чин на агресија, која, вели, со децении се гаи во Северна Македонија против Бугарија и против Бугарите, јави дописникот на МИА од Софија. Радев вели дека државниот врв на Република Северна Македонија и општеството треба да разберат дека патот кон ЕУ минува низ признавањето и почитувањето на правата на македонските Бугари, на бугарското културно и историско наследство.
Бугарскиот претседател Румен Радев вели дека имало огромен притисок врз Бугарија безусловно да дозволи Република Северна Македонија да започне преговори за членство во Европската Унија (ЕУ). Додаде дека тој двапати наметнал вето и го покренал прашањето пред бугарските сојузници и партнери во Европската унија за правата на македонските Бугари.
За само два дена, повтoрно е демолиран бугарскиот клуб во Охрид, но овој пат со огнено оружје. Инцидентот го потврди и портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.Maкедонскиот претседател Стево Пендаровски го осуди овој чин.
Бугарија ќе упати демарш по повод нападот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.
