Економија, финансии, бизнис

Контакт

Румен Радев не сака посредници меѓу Софија и Скопје

Румен Радев не сака посредници меѓу Софија и Скопје

Нема потреба од посредници меѓу Софија и Скопје, вели бугарскиот претседател Румен Радев. 

Според него, никој од нас подобро не ја знае нашата историја. 

„Комисијата ќе се занимава со историјата, но најважно е ние на високо политичко ниво да ги преземеме потребните чекори. Овие чекори не поминуваат низ другите европски метрополи и од таму во никој случај да се врши притисок врз Бугарија. Вистинскиот чекор е еден – во Софија. Тогаш ќе се решат сите проблеми. Ние мора да бараме одржливо и неповратно решение“, изјави Радев. 

Тој во Рим се сретна со македонскиот претседател Стево Пендаровски. Шефот на државата рече дека Радев има поинаква реторика, но се држи до барањата на бугарската страна. 

Германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот вели дека има голема шанса уште во јуни да дојдат до решение за спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија. 

Слично

Поврзани вести