Румен Радев најавува нова политика кон Македонија
Бугарскиот претседател Румен Радев најавува нова политика кон Македонија.
Тој денеска имаше средба со бугарските здруженија од Македонија. Фокусот е ист и бугарскиот претседател изјави дека Бугарија нема да попушти за старт на македонските преговори со ЕУ, сè додека не се реши прашањето за правата на Бугарите во Македонија. Пред неполн месец и македонски здруженија во Бугарија, донесоа Декларација со која побараа Софија да престане со нивно негирање, дискриминација и асимилација.
Бугарската потпретседателка за Мешовитата македонско-бугарска комисија за историјата, Илијана Јотова пак вели дека Договорот за добрососедство, не е добар затоа што е премногу општ, рамковен и не се реализира.
Слично
