Румен Радев наговестува дека трпат притисок поради Македонија
Одеднаш станав многу интересен за сите европски лидери, рече претседателот на Бугарија, Румен Радев.
Индиректно сака да порача дека трпат притисок поради Македонија, за да се тргне ветото и земјава да ги почне преговорите со ЕУ.
„Нема да го кажам зборот притисок, но да не заборавиме – Бугарија е членка на Европската унија. Ние ќе се обратиме до другите членки на ЕУ за солидарност. Најважно е да не дозволиме нови проблеми да се воведат во Унијата“, рече претседателот.
Вели дека патот за отворање на европскиот пат на Република Северна Македонија минува пред се низ Софија.
„Ние мора да седнеме едни со други – спокојно, искрено и доброволно – и да ги решиме нашите билатерални проблеми“, рече Радев.
Претседателот, заедно со потпретседателот Илијана Јотова, премиерот Стефан Јанев и членови на владата учествуваа на официјалната прослава на 24-ти мај пред Националната библиотека „Свети Кирил и Методиј“. Бугарија не отстапува од тврдите позиции кон Македонија.
