Румен Радев кажа што очекува од разговорите со Македонија
Претседателот на Бугарија, Румен Радев во телефонскиот разговор со еврокомесарот кажал дека очекува конкретни резултати во разговорите со Македонија.
Радев рекол дека Софија е отворена за дијалог, поставила јасни прашања и очекува одговори и вистинска акција од Македонија. Додал дека агендата на билатералните односи меѓу Софија и Скопје не треба да подлежи на надворешни влијанија, туку треба отворено да се следи со обврски од двете страни, кои треба да го придвижат процесот на европска интеграција на Македонија. Тој останува на ставовите и барањата кои и претходно јавно ги соопштувал во однос на Македонија. Сепак, од бугарската страна кажаа дека е нереално во декември да се најде решение за да може Македонија да ги почне преговорите со Европската Унија(ЕУ).
