Румен Радев дури пет пати разговарал со Меркел за Македонија
Претседателот на Бугарија, Румен Радев, пет пати зборувал со германската канцеларка Ангела Меркел за Македонија за време на самитот на ЕУ во Брисел.
„Таа ја повтори својата кауза Бугарија годинава да ја отвори врата за европската интеграција на Северна Македонија. Одлучувачкиот самит, како што знаете, ќе биде во декември. Јас имав јасни аргументи и затоа со неа разговарав барем пет пати на оваа тема“, рече Радев, пренесува БНТ.
На Самитот на ЕУ, денеска европските лидери разговарале за миграцијата и за заштитата на надворешните граници на Унијата, пандемијата и други теми. Лидерите од ЕУ се зборуваа со Меркел, која за време на нејзиното владеење со Германија учествуваше на вкупно 107 самити.
Европратеникот Андреј Ковачев деновиве побара раздвојување на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ, односно Македонија да почека додека не го реши спорот со Бугарија.Македонските и бугарските историчари и денеска на онлајн средбата немаа напредок.
