Економија, финансии, бизнис

Контакт

Румен Радев бара Македонија да ги почитува човековите права

Румен Радев бара Македонија да ги почитува човековите права

Македонија да почне да ги почитува вредностите на демократијата и човековите права, вели бугарскиот претседател Румен Радев. 

Тој посочи дека декларациите и ветувањата во дијалогот со Република Северна Македонија повеќе не функционираат и Бугарија очекува јасни правно обврзувачки одлуки што ќе доведат до одржливи и неповратни резултати. 

„Бугарија е најзаинтересирана да ги види своите соседи во Европската унија, но за тоа е потребно целосно почитување на копенхашките критериуми за членство на Република Северна Македонија, особено почитување на човековите права и принципите на добрососедство, кои се во срцето на европска соработка“, изјави Радев. 

Радев вели дека Договорот за пријателство, добрососедство и соработка  потпишан во 2017 година не се спроведува. 

Инаку, се очекува еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји да ја посети Македонија и да се зборува за македонско - бугарските односи.

Слично

Поврзани вести