Рудникот Кадиица ќе отвори 100 нови работни места
Радовишкиот рудник за бакар „Бучим“ интензивно работи на истражувањата на новото рудно наоѓалиште „Кадиица“ во Пехчево, кое според заменик директорот Николајчо Николов ќе отвори околу 100 нови вработувања.
- На ова наоѓалиште производството на бакар ќе биде по пат на лужење. Ние вршиме веќе полуиндустрикски проби, резулатите се добри и реално е да очекуваме во 2013 година да биде готов проектот за деталните геолошки истражувања и проектот за новата фабрика и да се почне со работа со полн интензитет, вели Николов.
Според Николов, во моментот, поради очекуваните измени на Законот за минерални суровини, стопирани се сите истражувања на наоѓалиштето за бакар „Боров дол“, на територијата на општините Конче и Штип. Засега, „Бучим“ има само еден дел од концесиското подрачје, а со измените на Законот се очекува концесијата да биде проширена на останатото подрачје, каде што се наоѓа и„Боров дол“.
Во моментов единствениот македонски рудник за бакар има рудни резерви за експлоатација до 2020 година
Слично
