РУДНИК ВО КАЗАНДОЛ: Гласот на експертите за поважен од барањата на граѓаните?
ВМРО ДПМНЕ во Валандово не дозволи референдум за рудникот во Казандол.
Советничката група на оваа партија го има мнозинството во Советот и не гласаше за предлогот на СДСМ да има дебата за референдум потенцирајќи дека најпрво треба да се слушне мислењето на експертите па тогаш да се разгледуваат барањата на граѓаните.
„Граѓаните прво треба да ги слушнат експертите“, вели градоачалникот на општината, а граѓаните пак возратија така што најавија алтернативни мерки и собирање на потписи за организирање на референдум.
Референдумот го бара од граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“.
„Верувавме до последен момент дека кај советниците ќе проработи разумот и свеста над партиските наредби. Но не сме разочарани. Веќе сме подготвени за брзо и неодложено започнување на постапката за собирање на потписи. Одиме до крај. Валандово не се откажува“, велат иницијаторите за референдум.
Изградбата на рудникот влегува во завршна фаза.
Од компанијата Стардиџ која го гради рудникот најгодговорно тврдат дека се користени најдобрите материјали и технологии кои немало да ја загадуваат животната средина и здравјето на граѓаните.
Од Министерството за животна средина велат дека германските материјали кои ги имаат набавено, се број еден во светот против загадување на подземните води.
