Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рударите од Саса на штрајк - Ќе се исполнат ли нивните барања?

Рударите од Саса на штрајк - Ќе се  исполнат ли нивните барања?

Рударите од Саса, ќе штрајкуваат за зголемување на платите до 20 проценти од нето добивката на рудникот, подобрување на условите за работа, регулирање на стажот и работното време.

Според информациите од  Синдикалната организација на рудникот „Саса“, која е членка на Синдикатот МЕСО, штрајкот е најавен за утре со почеток од 7 часот пред управната зграда.

Тие најавуваат и протест којшто ќе почне еден час порано од автобуската станица на патот кој води кон рудникот.

„Повикани беа работодавачите на 5 март, 8 март и денеска да дојдат да преговараме, но, за жал очигледно тие не сакаат социјален дијалог и социјална спогодба за решавање на правата на работниците“, изјави денеска Драги Јовановски, претседател на синдикатот МЕСО.

Јановски додава дека ваквата одлука за штрајк е потврдена и од страна на Собранието на рударската синдикална организација на кое учествувале над 280 рудари.


Слично

Поврзани вести