Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рудар од Пробиштип се повреди во рудник во Злетово

Рудар од Пробиштип се повреди во рудник во Злетово

Несреќа во рудник за олово и цинк „Булмак“ во Злетово се случила вчера околу 10 часот, при што повредениот Д.С.(43) од Пробиштип со болничко возило сопственост на рудникот е пренесен во Здравствен дом Пробиштип. 

Оттука по укажаната лекарска помош е префрлен во Клинички центар Штип. 

Поради карактерот на повредите, со возило на Итна медицинска помош, бил пренесен и задржан во Клинички центар Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Слично

Поврзани вести