Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ручекот во Отешево заврши, но што имаше на менито?

Ручекот во Отешево заврши, но што имаше на менито?

Ручекот во Отешево заврши, а на менито се најдоа традиционални јадења како бифтек, ѓомлезе, шампињони, но и баклава, палачинки и ракија.


На заедничкиот ручек во Отешево присуствуваат премиерите на Македонија и Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас, како и министрите за надворешни раобти Никос Коѕијас и Никола Димитров.

Тие беа придружувани од долгогодишниот медијатор за спорот со името Метју Нимиц, чија кариера меѓу другото ја одбележа посредувањето меѓу Македонија и Грција во обидите да се изнајде решение.

Тука беа и потсекретарката за политички прашања на Обединетите нации Розмари Ди Карло, високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ и заменик-претседателка на Европската комисија, Федерика Могерини, како и комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан.

Воедно со торта беа прославени вчерашниот роденден на Могерини и денешниот на Нимиц

Слично

Поврзани вести