Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рубин Земон си поднесе оставка како член на ИО на СДСМ

Рубин Земон си поднесе оставка како член на ИО на СДСМ

Рубин Земон поднесе оставка од Извршниот одбор на СДСМ по кратко време откако беше назначен на таа партиска функција.

Во објава на неговот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ тој наведе дека одлуката ја донел со цел, како што посочи, да го заштити угледот на партијата од „непринципелни напади“ насочени кон него и неговото семејство.

„Сакајќи да го заштитам угледот на СДСМ од непринципелните напади кон мене, а со тоа не бирајќи средства да го инволвираат и моето семејство, а со цел да не бидам терет на борбата на партијата кон уривањето на оваа власт, поднесувам оставка од местото член ИО на СДСМ“, напиша Земон.

Тој не наведе дополнителни детали за причините за оставката, ниту дали ќе остане активен во рамки на партијата. Од СДСМ засега нема официјална реакција по неговата одлука. Сепак Земон во изминатиот период даде дискутабилни коментари за улогата на Гоце Делчев во историјата, а имаше и средба со водач на бугарска организација која ги негира Македонците.


Слично

Поврзани вести