Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рускиот патријарх Кирил: Да не заборавиме дека Заев има испратено барање за автокефалност

Рускиот патријарх Кирил: Да не заборавиме дека Заев има испратено барање за автокефалност

Партијархот Кирил, поглаварот на Руската православна црква, во интервју за српска „Политика“ нагласи дека Цариград во иднина може да посегне по менување на Томосот и да им даде автокефалност на македонската и црногорската православна црква надвор од јурисдикцијата на СПЦ и дека македонскиот премиер Зоран Заев веќе го има направено тоа.

"Освен тоа, да не заборавиме дека такво барање веќе постои - од страна на премиерот на Македонија, Зоран Заев, кое беше испратено минатата година, речиси истовремено со бесрамното барање на Претседателот на Украина, Петро Порошенко, а Синодот на Цариградската Патријаршија го зеде во предвид во мај и ги објави официјалните информации, но зошто Синодот на Патријаршијата го анализира прашањето за кое очигледно нема основа, како што изјави патријархот Вартоломеј во едно неодамнешно интервју? Дали постоењето на Томос во 1922 година не е доволна основа за одбивање? Очигледно е дека постои идеја дека "украинскиот рецепт" ќе се повтори во Скопје ", изјави Кирил за „Политика“

Вселенскиот патријарх Вартоломеј во јануари во Истанбул го потпиша томосот за новата Православна Црква на Украина.

Слично

Поврзани вести