Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ротари клубот Скопје Вест донираше клими за Клиниката за онкологија и радиотерапија

Ротари клубот Скопје Вест донираше клими за Клиниката за онкологија и радиотерапија

По повод празникот Илинден, а посебно наспроти високите температури и тешките временски услови на летната сезона, Ротари клубот Скопје Вест донираше уреди за климатизација на КЛИНИКАТА ЗА ОНКОЛОГИЈА И РАДИОТЕРАПИЈА во Скопје. 

- Со оваа акција, нашиот клуб, инаку прогласен за најактивниот клуб во годината 2016-17, ја заокружи покриеноста со климатизација на сите простории од оваа институција кои не располагаа со вакви услови. Седум соби за пациенти, просторија за припремање терапија, чекална за пациенти и една административна просторија добија нови клима уреди во вистински момент, велат од Ротари клубот.

Во име на клиниката се заблагодари и ја прифати донацијата директорот Прим.Д-р Никола Васев. Изразено беше големо задоволство во однос на брзината со која се реализира донацијата и посебно што доаѓа во вистински момент, сред летната сезона и високите температури. 

Донацијата во име на РК Скопје Вест ја предадоа Тања Кроневска, Столе Бајрактаров и Анте Попоски.



Слично

Поврзани вести