Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рот твитна пред да дојде во Скопје: Крајно време е ЕУ да ги исполни ветувањата

Рот твитна пред да дојде во Скопје: Крајно време е ЕУ да ги исполни ветувањата

Михаел Рот, германскиот министер за Европа,  денеска пред дводневна посета на Скопје, „твитна“ дека е крајно време, како што вели тој, ЕУ да ги исполни ветувањата и да ги започне пристапните преговори со Македонија и Албанија.

-Крајно време е Европската Унија да ги исполни ветувањата и да ги започне пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Иднината на Западен Балкан е европска – треба да постапуваме одлучно сега за да нема сомнеж во тоа, напиша Рот на Твитер.

Секретаријатот за европски прашања (СЕП), предводен од вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, објави дека денеска Рот ќе допатува во дводневна посета на Северна Македонија.

„Посетата на Рот доаѓа во пресрет на јунскиот состанок на Советот на ЕУ за општи работи, каде што тој ја претставува Германија, па во тој контекст акцентот на разговорот со Димитров ќе биде ставен врз надминувањето на предизвиците и изгледите за усвојување на преговарачката рамка за земјава со цел одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ.“, најави СЕП.


Слично

Поврзани вести