Рот: Македонија мора да ги оствари своите ветувања
Ние мора да ги исполниме своите ветувања, но и Македонија мора да ги оствари нејзините.
Ова е пораката која ја испрати денеска државниот министер за Европа во Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Михаел Рот.
Тој вели дека Иднината на Македонија е во НАТО и ЕУ, и ова не било само негово мислење, туку и на европските институции, како и на сите 28 земји – членки.
„Јас би сакал да ја видам Македонија, на мојата страна во Европа, во најскоро време, затоа што, стабилноста, мирот, просперитетот и демократијата на Западен Балкан се важни. Но, мора да биде јасно дека без договорот за спорот со името, не гледам шанса за вас да влезете во НАТО и ЕУ“.
„Ние мора да ги оствариме своите ветувања и Македонија мора да ги оствари своите ветувања. Тоа не е обврска само на Владата, туку на сите политички актери, да ја преземат одговорноста за целата земја! Политиката не е игра! Затоа, вие сте толку важни, затоа што вие ќе ја изградите иднината на вашата земја. Вие сте ни потребни. Затоа ве охрабрувам да застанете и да се борите за своите права, да го кренете својот глас“, посочил министерот Рот кој е во дводневна посета на Македонија.
