Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рот бара Бугарија да го признае македонското малцинство

Рот бара Бугарија да го признае македонското малцинство

Бугарија да го признае македонското малцинство, како што Македонија го признава бугарското, вели актуелниот германски пратеник во Бундестагот и поранешен министер на Германија за Европа, Михаел Рот. 

Пораката ја упати на социјалните мрежи и ја поздрави денешната средбата на двајцата премиери, Димитар Ковачевски и Кирил Петков. 

„Многу е добро што се среќаваат премиерите на Бугарија и Северна Македонија. Како што Северна Македонија го признава бугарското малцинство, така мора и Бугарија веќе еднаш да ги спроведе пресуди на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) и да го признае македонското малцинство во Бугарија. Ниту една земја во ЕУ не смее да одлучува за јазикот и културата на друга земја“, порачува Рот на Твитер.


Од Левица со герила акција упатија порака „Европски права за Македонците во Пирин“. Колку Македонци живеат во Бугарија, нема точен податок. Од ОМО Илинден Пирин во неколку наврати се пожалија дека имале притисоци да се изјаснат како Македонци на пописите. 

 Македонскиот премиер Димитар Ковачевски на својата прва средба со својот бугарски колега Кирил Петков во Скопје објави дека од денеска како прв чекор во новата ера на добрососедски односи Бугарија го прифаќа краткото уставно име на Македонија.

Слично

Поврзани вести