Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ростуше доби спортска сала

Ростуше доби спортска сала
Денеска беше отворена првата повеќенаменска спортска сала во општина Маврово, поточно во селото Ростуше. Салата има површина од 1.300 метри квадратни и капацитет од 400 седишта,а беше отворена како дел од проектот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) за изградба на 35 спортски сали и 50 фудбалски игралишта. Во неа ќе може да се игра и мал фудбал, ракомет, кошарка, одбојка, гиманстиока и пинг-понг, а ќе може да ја користат сите спортски клубови, спортисти и ученици. Инвестицијата е тешка 35 милиони денари, а изведувач на работите беше ГП „Пелагонија“. Планирано спортската сала „Македонија“ да биде дел од поголем спортско рекреативен комплекс „Радика“, за кој ќе се прави по пат на јавно-приватно партнерство. Покрај спортската сала, во Ростуше наскоро ќе биде готова фасадата и системот за греење во Средното општинско училиште, во кое беа доизградени осум нови простории, а со средства од Светска банка треба да почне целосна реконструкција на водоводот.
Слично

Поврзани вести