Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ромео кажа кога ќе заврши процесот на зачленување на Македонија во НАТО

Ромео кажа кога ќе заврши процесот на зачленување на Македонија во НАТО

Италијанскиот амбасадор Карло Ромео на средбата со министерот за дијаспора, Едмонд Адеми денеска изјави дека Македонија ќе добие покана за членство во НАТО на претстојниот Самит во Брисел, а процесот на зачленување ќе заврши во предвидениот рок. 

Ромео изразил интерес за актуелните активности на Владата во процесите на НАТО и евро-интеграциите, истакнувајќи ја целосната поддршка од италијанска страна.

Адеми за време на разговорот опширно го информирал Ромео за Националната стратегија и основните столбови за соработка со дијаспората. Со оглед на бројната македонска дијаспора во Италија, заедничка беше констатацијата дека таа е добра можност за изградба на мостови за соработка од повеќе области, во економијата, културата, образованието и инвестициите.

Министерот најави дека во септември годинава ќе ја посети Италија и побара средби со соодветни институции во италијанската Влада и Министерството за надворешни работи.

На средбата станало збор и за повеќе актуелни состојби во регионот и пошироко во светот. 

Слично

Поврзани вести