Економија, финансии, бизнис

Контакт

Романија го ратификуваше НАТО-членството на Македонија

Романија го ратификуваше НАТО-членството на Македонија

Денеска романскиот парламент на пленарна седница го ратификуваше протоколот за членство на Македонија во НАТО. На чинот пред романските пратеници присуствуваше претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери.

Романија е седмата по ред членка на НАТО која го има ратификувано Протоколот за членство на Македонија во НАТО по Грција, Словенија, Албанија, Бугарија, Хрватска и Црна Гора.

Утре протоколот, исто така, треба да го ратификува собранието на Литванија. Како што е најавено, Џафериод Букуреш ќе допатува во Вилнус, каде што ќе одржи говор пред литванските пратеници.

По ратификацијата на Протоколот од страна на Собранието на сите 29 членки на НАТО, Македонија официјално ќе стане дел со целосни права во Северноатлантската алијанса.


Слично

Поврзани вести