Економија, финансии, бизнис

Контакт

Романец измамил 74-годишен маж од Крива Паланка за сума од 700 евра

Романец измамил 74-годишен маж од Крива Паланка за сума од 700 евра

Пoлицијата уапси измамник од Романија. 

Во селото Ранковце вчера во 13.30 часот,  полициски службеници од Полициското одделение Ранковце го лишиле од слобода Г.И.(23) од Романија. Романецот се сомничи дека истиот ден измамил 74-годишен маж од Крива Паланка за сума од 700 евра. Тој кажал дека е претставник на компанија за брендирани производи за домаќинство и се договориле за сумата да му продаде некои производи. Откако Г.И. заминал оштетениот забележал дека производите не се од компанијата, односно не се оригинали, по што настанот го пријавил во полициска станица. Полицијата по целосно документирање на случајот против него ќе  поднесе соодветна пријава.

Слично

Поврзани вести