Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ром си лапна 1.000 евра обештетување откако не бил пуштен на базен во Битола

Ром си лапна 1.000 евра обештетување откако не бил пуштен на базен во Битола


Основниот суд во Битола, Македонија, донесе пресуда против еден базен во градот поради директна дискриминација на Ром со тоа што не му дозволил влез на базенот во летото 2017 година поради неговата етничка припадност. Судот му нареди на базенот Довлеџик да ја прекине практиката за одбивање влез на базенот за Роми и исплата на оштета во висина од 60.000 денари за Фикри Јашаров, 37-годишниот Ром кој го тужеше базенот со поддршка од Европскиот центар за правата на Ромите. 

„Обезбедувањето на базенот им кажало на Фикри и на уште еден Ром кој бил со него дека не можат да влезат на базенот бидејќи имале упатства да не пуштаат Роми. Истото лето, ЕЦПР организираше тестирање за дискриминација во кое беа вклучени шестмина Роми и четворица не-Роми, а подоцна резултатите од ова тестирање беа поднесени до судот како доказ. Притоа, на сите лица кои не се Роми им било дозволено да влезат на базенот, додека на сите Роми им бил забранет влез“, велат од Европскиот центар за правата на Ромите. 

„Во исто време се почувствував и разочаран и понижен" , рече Фикри за инцидентот.

Тој не бил изненаден од ставот на обезбедувањето поради „широко распространетата дискриминација во Македонскиот суд донесе одлука против базен заради дискриминација.



Слично

Поврзани вести