Економија, финансии, бизнис

Контакт

РОКОТ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА ПРОДОЛЖЕН: Граѓаните од 1 јануари ќе можат да ја отпочнат постапката

РОКОТ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА ПРОДОЛЖЕН: Граѓаните  од 1 јануари ќе можат да ја отпочнат постапката

Рокот за легализација на дивоградбите се продолжува за една година. 

Граѓаните кои не поднеле барање од 1 јануари ќе можат да ја отпочнат постапката, за оние што биле во процедура или одбиени нови шест месеци да ги обезбедат потребните документи и да ја стартуваат процедура. Условите за легализација остануваат исти, објектите мора да бидат изградени до 3-ти март 2011-тата. 

„Од податоците со кои располагаат Министерството за транспорт и врски и единиците на локалната самоуправа, констатирано е дека во најголем број случаи заради обемна и сложена административна постапка граѓаните не успеале во предвидениот рок да го остварат своето право. Министерството за транспорт и врски по извршената теренска анализа и непосреден контакт со засегнатите странки утврди дека во Република Македонија досега процентот на легализирани дивоградби е на ниво околу 40% или околу 186.000 објекти кои се легализирани и запшани во Катастарот“- вели министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Владата ги усвои законските измени и ги повика локалните власти да ги известат граѓаните што треба да поднесат нови барања за легализација на дивоградбите. Скоро половина милион бесправно изградените објекти треба да се легализираат во рок од 10 години, а постапките треба да завршат до 2021- ва.

Слично

Поврзани вести