РОКОТ ИСТЕКУВА: Дури 5.000 фирми не инсталирале фискални каси со ГПРС уред!
Денеска истекува рокот до кој 9.000 фирми кои имаат законска обврска треба да инсталираат нови фискални каси со ГПРС уред. Според податоците на УЈП, дури 5.000 воопшто не набавиле ваков апарат и се соочуваат со парични казни и затворање.
Обврската со рок до денеска важи за фирмите кои прават промет над 10 милиони денари годишно, кафулињата, рестораните и бензинските пумпи. Останатите фирми тоа треба да го направат до 31 јануари. Преку овие каси, УЈП во секој момент ќе може да го следи нивниот промет и нивните финансиски извештаи.
Даночните власти се категорични дека фирмите кои не инсталирале каси какви што бара законот ќе се соочат со казни. Од утре, фирмите што не набавиле нова каса инспекторите ќе ги третираат како воопшто да немаат фискален апарат и да не издаваат фискални сметки.
Фирмите треба сами да ги набават новите фискални каси, но трошокот за тоа подоцна можат да го надоместат со ослободување од дел од даночните обврски.
Слично
