Економија, финансии, бизнис

Контакт

РОКОТ ИСТЕЧЕ: Колку иселеници се пријавиле за гласање за референдумот?

РОКОТ ИСТЕЧЕ: Колку иселеници се пријавиле за гласање за референдумот?

Рокот за пријавување на иселениците кои ќе гласаат на референдумот заврши на полноќ, а се пријавиле 2.755 иселеници. Одбиени се 100 лица со образложение дека дел од нив биле со истечени патни исправи, а дел немаат живеалиште во Македонија и немаат право да гласаат. На избирачкиот список како иселени се запишани 87.000 лица. Најголем број се пријавиле во Берн – 321, во Венеција -258, Љубљана 217, Брисел 71, Рим 51, Вашингтон 45, Абу Даби 26. 

Над 5.600 граѓани извршиле увид во избирачкиот список. Запишани се 94 граѓани, а избришани се 295, (најголем број се избришани поради смртност), а промена на податоци побарале 74 избирачи.

На веб страницата на ДИК своите податоци ги провериле 16.808 избирачи. Избирачкиот список ќе биде конечно затворен на 7 септември кога ќе се знае колкав е вкупниот број на избирачи.

На иницијатива на ДИК,  МВР ќе им издаде лични карти на вкупно 260 лица кои издржуваат казна затвор за да можат да го остварат своето право на глас.

Гласањето на дијаспората се проценува деќа ќе чини околу 200.000 евра.

Слично

Поврзани вести