Економија, финансии, бизнис

Контакт

РОКАС: Северна Македонија треба да го искористи моментумот на посветеност на проширувањето на EУ

РОКАС: Северна Македонија треба да го искористи моментумот на посветеност на проширувањето на EУ

Евроамбасадорот Микалис Рокас вели дека Северна Македонија треба да го искористи моментумот на посветеност на проширувањето на Европската Унија(ЕУ). 

Претставувајќи го извештајот на Европската комисија за 2024 година, Рокас рече дека сите политички партии треба да придонесат за зајакнување на улогата на Собранието како форум за конструктивен и инклузивен дијалог во однос на забрзување на реформите за членство во ЕУ.

„Постои вистински момент, постои вистинска посветеност и постои и обврска од наша страна да ви помогнеме на патот кон ЕУ. Како што сите видовте во неодамнешните извештаи, особено од Брисел, постои многу силен интерес и желба Северна Македонија да им се приклучи на соседите и да ги отвори првите кластери на преговори“, вели Рокас. 

Спомена дека Собранието во текот на 2024 година, не успеа да обезбеди дветретини во Собранието за уставни измени. Албанија лани беше одвоена од Македонија, ги почна преговорите и ги отвори првите кластери. Maкедонија треба да ги внесе Бугарите во Уставот за да ги почне преговорите. 

Слично

Поврзани вести