Рокас побара политичко обединување за уставни измени
Eвроамбасадорот Михалис Рокас побара политичко обединување за уставни измени.
„Македонија припаѓа на европското семејство и е поблиску до членство во Европската Унија отколку што често се перцепира“, вели Рокас.
Според него, главните предизвици во овој момент не се само технички, туку и политички. Рокас истакна дека се потребни поголем прагматизам, одлучност и обединување на политичкиот спектар за да се направи последниот чекор напред. Евроамбасадорот потенцира дека ЕУ останува најзначаен економски и политички партнер на земјава, со силна поддршка преку инвестиции, програми и фондови. На конференцијата посветена на 30 години од воспоставувањето дипломатски односи и 25 години од потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и Унијата, Рокас рече дека и покрај разочарувањата во изминатите години, постои реална шанса за напредок, потенцирајќи дека треба да се имплементираат договорените реформи од 2022 година и се почнат пристапните преговори, што би го променило целиот процес и би ја забрзало интеграцијата.
