Економија, финансии, бизнис

Контакт

РОДНИНА НА ПОЧИНАТО БЕБЕ БУРНО РЕАГИРАЛ: Спречен нов инцидент во струмичката болница

РОДНИНА НА ПОЧИНАТО БЕБЕ БУРНО РЕАГИРАЛ: Спречен нов инцидент во струмичката болница

Полицијата спречила нов инцидент во струмичката болница. 

Роднина на деветмесечно бебе кое починало бурно реагирал обвинувајќи ги лекарите за смртта. 

Како што изјави за МИА директорот на болницата, Наќе Гогов, полицијата спречила да дојде до инцидент

„Детето во болницата било донесено во многу тешка состојба и покрај обидите за реанимација од страна на лекарите тоа починало. Обезбедувањето на болницата навреме ја повикало полицијата и е спречен поголем инцидент. Јас ја разбирам тагата на блиските, но никој нема право да реагира на ваков начин“, изјави Гогов.

Во оваа болница, но на инфективното одделение, денеска група од дваесетина граѓани утрово насилно го зеле телото на починат 49-годишен маж, кој починал.

Пациентот бил примен во тешка состојба, и по дваесет минути починал. Т

Тогаш дошле дваесетина жители од Турското маало,  насилно го извлекле починатиот со кревет надвор во дворот на болницата, го дигнале од креветот и го префриле преку оградата, го ставиле во комбе и избегале.

Слично

Поврзани вести