РОДИТЕЛСКАТА ПОМИНА, ОД Е-ДНЕВНИК СТИГНУВА ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НЕА ЕДНА НЕДЕЛА ПОДОЦНА: Родители до Фактор со фото-докази за доцнењето на Е-дневник
Родители на ученици во основно училиште, до редакцијата на Фактор, испратија фото-докази за пристигнато известување од Е-дневник за одржување на родителска средба, кое пристигнало „само“ девет дена по родителската.
„Се изненадив во петокот кога ми пристигна меил од Е-дневник, за родителска средба. Прво се зачудив, затоа што немав никаква информација за истата, а со оглед на тоа што веќе одржавме една на 10 септември, мислев дека станува збор за некоја вонредна родителска. Но кога го прочитав мејлот, сфатив дека ми пристигнува известување за родителска средба, на девет дена по одржувањето на истата“, вели родителот.

Е-дневник заказнил со известувањето. На 19 септември испратил известување за одржување на родителска средба на 10 септември.
