Економија, финансии, бизнис

Контакт

РОДИТЕЛИТЕ ЗБЕСНАА: Сопственици си шетаат кучиња во школски дворови и на детски игралишта (ФОТО)

РОДИТЕЛИТЕ ЗБЕСНАА: Сопственици си шетаат кучиња во школски дворови и на детски игралишта (ФОТО)

По вчерашниот немил настан во кој осумгодишно дете го загуби животот како последица на напад од кучиња, „Фактор“ на терен да ја согледа состојбата, по бројните реакции на граѓаните.

Во утринската обикола што ја направивме, забележавме сопственици на кучиња кои си ги шетаа милениците во училиштен двор, помеѓу децата кои беа во школскиот двор. 

Од разговорите со населението во Бутел 2, дознавме и дека ова не е прв пат, кучиња кои имаат сопственици да бидат во дворот на училиштето.

Тие велат дека проблем е и кога сопствениците си ги пуштаат кучињата сами да шетаат.

„Редовен проблем имаме со куче од расата кангал, кое сопственикот секогаш го пушта само во дворот на градинката во Бутел 2. Тоа најчесто се случува во попладневните часови, кога во градинката нема никој од вработените, а дворот е полн со деца заради детските реквизити“, вели жителка на оваа населба.

Оттука неминовно е да се заклучи дека некои од сопствениците воопшто не се одговорни во поглед на своите миленици.

Вакви проблеми имаат и во Тафталиџе, кај игралиштето кај маркетот „Веро“, каде исто така се шетаат кучиња на детското игралиште. 

Тамошните жители сведочат дека доста често се случуваат инциденти помеѓу родителите и сопствениците или љубителите на кучиња, бидејќи, како што досега неколкупати се докажа, детските игралишта не се место за шетање на милениците.

Ф.Р.

Слично

Поврзани вести