Економија, финансии, бизнис

Контакт

Родителите во паника, вонредна дезинфекција: Шуга во училиште во Козле

Родителите во паника, вонредна дезинфекција: Шуга во училиште во Козле

Тие што се втора смена во училиште да не доаѓаат, а тие кои веќе дошле да си заминат. Во ОУ Владо Тасевски, денеска по 9 часот родителите и учениците беа информирани дека во училиштето ќе се врши вонредна дезинфекција во 10.30 часот. Потоа и директорката на училиштето соопшти дека денеска настава во училиштето нема да има затоа што едно дете има шуга.

„Видов во групата на вибер и на фејсбук, родители почнаа да пишуваат да не ги носиме децата во училиште. Тие кои ги однеле во дневен престој требаше да ги земат. После пиша и наставничката дека часовите во втора смена нема да се одржат. Јас имам прваче, ама знам дека ваков случај, читав од медиумите, имало и порано, вели мајка на прваче во училиштето.


Училиштето се наоѓа во скопската населба Карпош. Директорката Елка Даскалова потврди дека ќе има дезинфекција и дека шуга има дете од второ одделение кое болеста ја имало и пред осум месеци.

Слично

Поврзани вести