Економија, финансии, бизнис

Контакт

РОДИТЕЛИТЕ ВО ОЧАЈ: Петар го нема, го бараат 102 полицајци, хеликоптер и дрон

РОДИТЕЛИТЕ ВО ОЧАЈ: Петар го нема, го бараат 102 полицајци, хеликоптер и дрон

Се уште го нема Петар Џобоски, дестгодишникот од село Врбско, прилепско за кого родителите вопетокот пријавија дека е исчезнат. Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека продолжува интензивната потрага по детето

„Во потрагата се ангажирани 102 полициски службеници, хеликоптер, службени кучиња, како и дрон, а во потрагата се вклучени и членови на Територијалната противпожарна единица Прилеп, членови на спасителната служба „Златоврв“, ловното друштво „Мукос“-Прилеп, жители на околните села, како и граѓани доброволци од неколку градови. Интензивната потрага продолжува се до пронаоѓање на детето. Поради големиот интерес на граѓани кои сакаат да се вклучат во потрагата, а со цел подобра координација, ги упатуваме да се јават на телефонскиот број на дежурната служба во село Витолиште 071 268-594, велат од МВР.

Оттаму апелираат до сите граѓани доколку имаат каква било информација која би помогнала за пронаоѓање на детето, да ја споделат веднаш со полицијата и да помогнат во потрагата.

Слично

Поврзани вести