Родителите на загинатите во „Пулс“ го блокираа кружниот тек во Кочани
Родителите на загинатите во пожарот во дисктеката „Пулс“ со мирен собир го бллкираа кружниот тек кај двојниот мост на улицата „Стево Теодосиевски“ во Кочани.
Блокадите инаку ќе траат по еден час секој ден, во периодот од 15,15 до 16,15 часот, сѐ додека не започне судењето.
Ова го најавија родителите на загинатите во пожарот во „Пулс“ од 16 март, од 26. „Марш за ангелите“ одржан денеска пред Основниот суд во Кочани, испровоцирани од тоа што, според нив, адвокати на осомничените изјавиле дека судењето ќе трае 10 до 15 години.
„Правдата не смее да се влече. Ќе бидеме тука – на кружниот тек, се додека не почне судењето, а за понатаму зависи како ќе се одвиваат работите. Животот на едно дете вреди повеќе од нечии интереси и адвокатски игри,“ порачуваат членовите на семејствата кои ги загубија своите најблиски во трагичниот пожар на 16 март во дискотеката „Пулс“.
Родителите најавија дека нема да запрат со протестите се додека, како што велат, не видат вистинска волја од институциите за брзо и праведно судење.
