Економија, финансии, бизнис

Контакт

Родителите на загинатите во „Пулс“ се разочарани од комеморацијата

Родителите на загинатите во „Пулс“ се разочарани од комеморацијата

Родителите на младите кои загинаа лани на 16 март во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се разочарани од денешната комеморација во Собранието, во чест на 63. жртви.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска ја одржа комеморацијата после една година, а во ложата во пленарната сала беа претставници на семејствата на загинатите, а меѓу пратениците беа и претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова и премиерот Христијан Мицкоски.

„Дури и по една година тешко е да се изберат зборови, но уште потешко е да се изговорат. Постојат моменти кога, и да ги изберете зборовите внимателно, тие секогаш изгледаат недоволни за да го изразат она што човекот го чувствува и што го преживува. Таква е и оваа обврска за мене. Иако јавниот збор е должност, тој никогаш не бил толку тежок. Особено кога си свесен дека во ваков случај ниедна реченица не е доволна за да ја исполни празнината и за да ја ублажи болката што оваа трагедија ја остави кај семејствата и во совеста на ова општество“, рече Гаши.

Габриела Наунова, мајка на загинатата Надица Наунова вели дека очекувале дека после една година, пратениците ќе им дадат почит на загинатите.

„Комеморацијата за нашите деца со 63 жртви за една држава, со две страници читање и ајде чао пријатно, толку беше. Ова не го очекувавме. Уште една голема рана за нас родителите. После една година, комеморација и со две страници читање на текст напишан, не знам. Катастрофа. Разочарување ептен големо.
Што очекувавме? Очекувавме за секое дете да има барем по две минути. Очекувавме барем за секое дете по две минути да одвојат со текст што мислевме дека им е даден од институциите, бидејќи на сите институции им е пренесено. Но, за жал, ни едно дете не беше удостоено, спомнато со име и презиме“, рече таа.

Пожарот се случи на концерт на групата ДНК. Членовите на бендот настрадаа во пожарот. Во тек е судски процес за трагедијата. Голем број европски земји помогнаа во лекувањето на околу 200 повредени во пожарот. 

фото Фејсбук/Африм Гаши

Слично

Поврзани вести